За најмладите кучиња (возраст од 1 до 4 месеци) најдобро е кученцата да ги храните со High Premium Concept “PUPPY“. Оваа храна особено се препорачува во периодот на премин од мајчино млеко на цврста храна, бидејќи ензимите во дигестивниот систем треба постепено да се прилагодуваат на новиот начин на исхрана.
Исто така, PUPPY може да се користи и за чуствителни кученца, бидејќи оваа храна е изработена од високо квалитетни протеини и не содржи житарки (grain free).

За кучиња до 12 месеци, BOSCH Ви препорачува 3 производи од програмата High Premium Concept, а кој од нив ќе го користите, зависи од расата, односно од големината на Вашето куче:

MINI Junior – наменето за мали раси на кучиња (до 15 кг тежина на возрасно куче);
MEDIUM Junior – наменето за мали раси на кучиња (до 15-25 кг тежина на возрасно куче);
MAXI Junior – наменето за мали раси на кучиња (преку 25 кг тежина на возрасно куче).

Доколку користите некој од производите на BOSCH, не се потребни дополнителни додатоци во исхраната на кучето, бидејќи BOSCH ги содржи сите протеини, масти, витамини, минерали и сл., што се неопходни за нормален развој на Вашето куче.
Производите на BOSCH особено се избалансирани за правилен развој на коските, зголобовите, како и останатите органи, во зависност од големината на кучето. Односно, се избегнува пребрз и неправилен развој на телото, како и зголемување на телесната тежина.

Важно е да се потенцира дека BOSCH е единствена храна за млади кучиња која во својот состав има додаток на колострум (мајчино млеко) и специјален имунолошки комплекс кој овозможува подобар развој на имунолошкиот систем на кученцата, што е особена важен за развојот на антителата во периодот на вакцинацијата.

PUPPY

За кучиња до 4 месечна возраст . Без житарки + КОЛОСТРУМ + Имунолошки комлекс.)

MAXI JUNIOR

Кучиња над 25 кг. крајна тежина. Без пченица + КОЛОСТРУМ + Имунолошки комлекс.

MINI JUNIOR

Кучиња до 15 кг. крајна тежина. Без глутен + КОЛОСТРУМ + Имунолошки комлекс

MEDIUM JUNIOR

Кучиња до 15 до 25 кг. крајна тежина. Без пченица + КОЛОСТРУМ + Имунолошки комлекс.