ЗА НАС

Ветеринарна Болница-ДОО Скопје е официјален застапник на прозиводите од Bosch Tiernahrung GmbH & Co. KG, Геманија.

Со повеќе од 50 годишно искуство, фамилијата на Bosch Tiernahrung GmbH & Co. KG, со седиште во Blaufelden-Wiesenbach, Германија, има долга традиција на производство на високо квалитетна храна за домашни миленици.

Благосостојбата и здравјето на вашиот домашен миленик е основата на она што го правиме. Ние секогаш се придржуваме кон употреба само на високо квалитетни состојки, и секогаш кога е тое можно истите се од регионално потекло.

State-of-the-art“ системите за производство и пакување ни овозможуваат да се насочиме кон научно-базирани рецепти со широк спектар на состојки, кои лесно се сварливи и привлечни за вашиот миленик.

Нашето барање за постојан врвен квалитет на производите секогаш е поддржано од страна на сеопфатната контрола на квалитетот (HACCP, IFS, Food Check). Со IFS сертификатот (International Food Standard) се потврдува дека “Bosch Tiernahrung“ произведува согласно високите стандардите за храна со врвен квалитет (HIGH PRMIUM QUALITY).

 

Bosch Tiernahrung GmbH & Co. KG произведува повеќе од 100 најразлични видови на производи наменети за сите возрасти и раси на кучиња и мачки. Исто така, Bosch Tiernahrung GmbH & Co. KG произведува и храна за посебни потреби на Вашите миленици, како што е: храна за гравидни животни или тие што дојат; храна за животни со проблеми во варењето на храната; хипоалергена храна; бубрежни или метаболички проблеми; храна за здебелен домашен миленик и др.

Воедно, Bosch Tiernahrung GmbH & Co. KG е единствен производител на Органска храна за домашни миленици, односно храна која поседува сертификат за 100% органско производство (DE-ӦKO-007). 

Закуските на Bosch Tiernahrung GmbH & Co. KG со вкус на банана, манго и јаболно, Ви овозможуваат прекрасна забава со Вашето куче.

Додека пекарата на Bosch Tiernahrung GmbH & Co. KG со бројните производите кои ги нуди, претставува највкусната пекара за Вашето куче!

Sanabelle се специјални производи на Bosch Tiernahrung GmbH & Co, посебно погодни за мачки чувствителни на храна. Изразената дополнителна корист на оваа линија производи, како на пр. профилакса на уринарни камења, хигиена на забите и устата или пак заштита на ‘рскавицата и коските кај големите раси, ѝ го нудат на твоето маче оптималното решение за нејзините специјални карактеристики.